Фабрика за производство на биогас ќе се гради во Kичево. Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра на иселеник на привремена работа во Швајцарија која првично треба да вработи 15 луѓе. Според кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кој минатата недела ја издаде дозволата за градба, ова е добар пример за сите што сакаат да инвестираат во Kичево. Фабриката е планирано да се гради во кичевската индустриска зона „Ивандол“ и е прв производствен капацитет од ваков тип во регионот.
Фабрика за производство на биогас ќе се гради во Kичево.
Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра на иселеник на привремена работа во Швајцарија која првично треба да вработи 15 луѓе.
Според кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кој минатата недела ја издаде дозволата за градба, ова е добар пример за сите што сакаат да инвестираат во Kичево.
- Оваа инвестиција е плод на нашето залагање и интензивно лобирање во претходниот период. Се надевам дека уште многу инвестиции ќе има во иднина - рече Дехари.
Фабриката е планирано да се гради во кичевската индустриска зона „Ивандол“ и е прв производствен капацитет од ваков тип во регионот.